Утрински Весник
Спорт

Фиорентина го здроби Хартс, Партизан, пак, „пеницилин“ за Келн

Фиорентина го здроби Хартс, Партизан, пак, „пеницилин“ за Келн

Фиорентина по лошиот почетокт на европската сезона во Конференциската лига Европа, влезе во ритам кога со 5:1 го здроби шкотскиот Хартс, а Партизан во Белград вторпат го победи Келн за да се искачи на првото место во групата Д.

dobivaj vesti na viber

Виола тргна фуриозно во првото полувреме постигнувајќи четири гола за 38 минути – Јовиќ (6.), Бираги (22.), Гонзалез (32.) и Барак (38.) пред гостите да намалат преку Хамфрис на почетокот на првото полувреме. „Петардата“ ја комплетира Гонзалез од пенал во 83. минута од мечот.

Во Белград, пак, во меч, кој двапати беше прекинуван поради чадот на теренот предизвикан од факлите на навивачите на Партизан, „црно-белите“ со 2:0 го совладаа Келн со головите на Дијабате (15.) и Гомеш (52.)

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 4. КОЛО
ГРУПА А
Башакшехир – РФС Рига 3:0
Фиорентина – Хартс 5:1
ГРУПА Ц
Австрија Виена – Вилјареал 0:1
ГРУПА Д
Партизан – Келн 2:0
ГРУПА Е
Аполон – АЗ Алкмар 1:0
ГРУПА Ф
Ѓургарден – Гент 4:2
ГРУПА Г
ЦФР Клуж – Славија Прага 2:0
ГРУПА Х
Слован Братислава – Базел 3:3

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија