Утрински Весник
Свет

Финансиска криза во ОН: Некои од објектите во Женева привремено ќе бидат затворени

Zgrada Un Zeneva.jpg
Ss2

Седиштето на Обединетите нации во Женева мора да заштеди 13,9 милиони швајцарски франци поради тековната ликвидносна криза, поради која привремено ќе бидат затворени некои од капацитетите на светската организација во Женева, соопшти службата за информирање на ОН.

– Ќе направиме се што можеме, без да го загрозиме нашиот основен мандат, изјави директорката на информативната служба на ОН Алесандра Велучи за новинската агенција Keystone-ATS и додаде дека секој оддел на светската организација во Женева донел низа одлуки во рамки на препораките на Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, пренесе порталот Swissinfo.

Ss1

Обединетите нации западнаа во криза со ликвидноста поради доцнењето на плаќањето на придонесите на земјите-членки, но средствата почнуваат да пристигнуваат.

Ликвидносната криза сè уште останува проблем, а за да се зачуваат платите на персоналот на ОН и да се гарантира мандатот на светската организација, веќе се спроведени неколку мерки, меѓу кои и неколкунеделното затворање на седиштето на Палатата на народите на ОН , со што ќе се заштедат 200.000 франци.

Беа воведени и ограничувања за патните трошоци и трошоците за персоналот. Според новите мерки, кои се во сила до понатамошно известување, голем број згради кои не се користат за состаноци ќе бидат затворени, а персоналот ќе биде преместен во најновата зграда на местото на Палатата на народите на ОН во Женева.

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации, која поднесува извештај до секретаријатот, но има сопствен фонд за финансирање, исто така е погодена од финансиската криза на ОН и десетици работни места кои поддржуваат истражни комисии или други независни механизми не се финансирани во последните месеци.

Нацрт-документот за кој треба да се расправа за две недели, предвидува неколкумесечно одложување на различните активности на ОН за справување со актуелната финансиска криза, а дел од ефектите се значајни.

Така, се предлага планираните консултации со руското граѓанско општество во и надвор од земјата да се одржат до 2025 година.

Ss1

Можете да прочитате

Кина ќе биде домаќин на разговорите меѓу Хамас и Фатах за единството на Палестинците

Шпанските власти запленија 25 тони хашиш скриен во камион со дињи

Едно од секои пет тестирани пакувања на пастеризирано млеко во САД содржи птичји грип