Утрински Весник
Македонија

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ нека каже дека цел свет лаже за мигрантите само тие не!

Venko f sdsm pres 3.jpg

„Дали  СДСМ е тој што лаже за мигрантите, дали сие британски медиуми и целата светска јавност лажат?”, праша претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес-конференција посветена на информациите кои доаѓаат од британските и светските медиуми дека постои договор за прифаќање мигранти за пари од Велика Британија.

„ После сите пишувања на светските медиуми, прашањето е за јавноста дали СДСМ е тој што лаже, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ сега тоа ќе го објаснува, дека сите британски медиуми лажат, дека целокупната светска јавност лаже. Еве, го повикувам ВМРО-ДПМНЕ, нека излезат и нека кажат. Нека кажат дека сите лажат, односно дали цел свет лаже, само ВМРО ДПМНЕ не лаже. “, рече Филипче.

Можете да прочитате

Николова до Лабудовиќ: Кој ќе понесе одговорност за затруените работници во РЕК Битола?

Четири лица приведени за семејно насилство

Камери на улиците во Велес: Се поставува опрема за проектот „Безбеден град“