Утрински Весник
Македонија

Филипче со честитка за Рамазан Бајрам: Заедништвото и солидарноста се нашата сила за справување со предизвиците

Filipce.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам.

Во честитката претседателот на СДСМ истакнува дека овој свет празник потсетува на основните вредности за меѓусебно почитување, солидарност и хуманост, кои се основа врз кои треба заеднички да ја градиме нашата иднина.


-На сите припадници од исламската вероисповед им го честитам големиот празник Рамазан Бајрам, со искрени желби за здравје, радост и благосостојба. Овој свет празник не потсетува на основните вредности за меѓусебно почитување, солидарност и хуманост. Во духот на овие вредности, заедно можеме да ги надминеме сите предизвици и да градиме подобра иднина за нашата држава и за граѓаните, вели Филипче во честитка.

Македонија, додава тој, е пример за заедништво, заеднички живот и почитување на различностите, и токму тоа ја прави посилна и побогата.

Затоа, овој празник нека ни биде потсетник дека со почит, заемна помош и поддршка, можеме да изградиме поправедно и еднакво општество за сите. Нека овие празнични денови ви донесат здравје, мир, среќа и духовна исполнетост. Честит и за многу години Рамазан Бајрам, порачува претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можете да прочитате

Зимзоленд вечерва затворен за посетители по интервенција на МВР и Општина Аеродром

ДУИ избра нови претседатели на ограноци и партиски функции

Тетовчанец измамен за сума од 3.000 евра преку социјалните мрежи