Утрински Весник
Македонија

Филипче: Скандалот со МТВ и ВМРО-ДПМНЕ потврдува дека во партијата ништо не се сменило

0df1bb52 D67d 4c26 92d5 Fd57ce4694f2.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Вечерва како носител на Изборната единица 4, д-р Венко Филипче имаше средба со граѓани во Радовиш. 

Web

Лажните анкети објавени на Националната телевизија МТВ, кои  се нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, беа една од темите на кои Филипче разговараше со граѓаните. 

,,Слободата е повторно под закана. Денешниот скандал за спрегата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и државната телевизија МТВ, укажува на тоа дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се сменило. Според обемот на скандалот, не само што ништо не се сменило, туку ВМРО-ДПМНЕ применува уште пострашна форма на пропагнада од најславните денови на Никола Груевски”, истакна д-р Филипче. 

Тој изрази загриженост за иднината на државата, доколку повторно се задуши демократијата и слободата на медиумите, кое ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го направи и додека е во опозиција. 

„Слободата и демократија, за жал, почнуваме да ги цениме само откако ќе ги изгубиме. И тоа е разбирливо, граѓаните се соочуват со дневни реални проблеми кои им се приоритет. Но, без слободата и економијата, нема ни слободна економија, ни слободни компании, ни слободни работници, ни слободни земјоделци. Слободата, а пред се медиумската слобода, е основа за развој и напредок на државата. И токму затоа не смееме да дозволиме да ја изгубиме”, истакна д-р Филипче. 

Неврохирургот Филипче на средбата со граѓаните истакна дека 8 мај е одлучувачки датум кога граѓаните треба да одлучат дали ќе дозволат фабриките на лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ да се институционализираат, а пропагандите да го поделат народот и да го држат во страв. 

„Ако со нешто може да се пофали СДСМ и оваа Влада, тоа е враќањето на слободата и ослободувањето на медиумите. Прашајте било кој новинар, ова ќе ви го потврди. Некогаш граѓаните ми велат, аман со таа слобода ништо не видовме од неа. Точно, таа не се гледа кога ја имаме, но многу се чуствува кога ќе ја изгубиме. На 8 мај треба секој да е свесен за ова, потоа ќе биде доцна”, рече д-р Филипче.

Можете да прочитате

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите седум кандидати, нека дојде и Мицкоски како осми, шпицен кандидат

Пронајдено возилото „поло“ од кое било пукано во Тетово

Србиновски: Ја грабнав мечката за уши и успеав да ја оттурнам