Утрински Весник
Македонија

Филипче: Одложувањето на законите за МВР и полиција е победа на СДСМ

Venko sdsm filipche 3.jpg

Лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, оцени дека одложувањето на примената на новиот Закон за внатрешни работи и измените во Законот за полиција претставува победа за професионалната и чесна полиција, но и за сите граѓани во државата.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Филипче порача дека со ова се спречува, како што наведе, партизација на Министерството за внатрешни работи и воспоставување политичка контрола врз полицијата.


Според него, одложувањето на законските измени е резултат на притисокот и реакциите на СДСМ, кој претходно поднесе иницијатива до Уставниот суд. Тој смета дека власта не успеала без отпор да ги спроведе измените поради силните реакции во јавноста и правните пречки.

„Полицијата не смее да служи на криминалната група ВМРО, на шефот на мафијата Мицкоски и да служи за заштита на криминалот и корупцијата. Ова е победа на СДСМ за сите граѓани на Македонија и за професионалците во полицијата, победа на стручноста и професионализмот над партизацијата и политичката контрола врз полицијата. Ние поднесовме иницијатива до Уставниот суд со што ја блокираме партизацијата на МВР“, порача Филипче.

Тој додаде дека СДСМ ќе продолжи да се спротивставува на, како што вели, сите обиди за политичко влијание врз институциите и безбедносниот систем во државата.

Можете да прочитате

Институциите со заедничка декларација: Засилен одговор против насилството кај младите

Божиновска на IFC Day: Енергетската транзиција е можност за економски раст и нови инвестиции

Јаневска: Државната матура спроведена во најдобар ред, значително намалено препишувањето