
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска во село Иловица, општина Босилово, имаше средба со земјоделци од овој регион, на која се разговараше за состојбата во земјоделството и проблемите со кои се соочуваат земјоделците поради незаинтересираноста на Владата на ВМРО. Во изјавата Филипче посочи дека сите земјоделци во државата се соочуваат со проблеми – од неисплатени субвенции, ниски откупни цени, високи производствени трошоци, поради што трпат огромни загуби.
Во продолжение е интегралната изјава на Филипче:
„Денеска сме во посета на општина Босилово и како сегаде низ државата и земјоделците и овде во овој регион имаат огромни проблеми.
Прво, не си исплатени субвенциите, дополнително тие за оваа година во програмата се намалени. Откупните цени се многу ниски на сите рано-градинарски производи. Цената на компирот, посебно е намалена, за околу 30%.
Станува збор за тотална негрижа од оваа власт и од ова раководство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Практично министер кој што единствено нешто по што е познат се бројните коруптивни скандали. И човекот е навистина исто како и целата влада, треба да замине.
Трошоците за производство се зголемени за 300%. Зголемена е цената на работната рака. Зголемена е цената на водата. Зголемени се цените на ѓубривата. И на целиот тој зголемен трошок, откупните цени на сите производи се намалени за близу 30%. Ете за таква негрижа на оваа влада станува збор. Што поскоро си замине, толку подобро за сите граѓани на државата”, изјави Филипче.



