Утрински Весник
Македонија

Филипче: Категорично сум против етнички поделби во науката

1708002705 Whatsapp Image 2023 01 22 At 23.22.13.jpeg

Соопштение за јавност – став на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, изрази сериозна загриженост за идејата за формирање на паралелна Академија за науки и уметности. Во пост на Фејсбук, Филипче остро реагира против ваквиот проект, нагласувајќи дека е категорично против етнички поделби во науката.

-Загрижен сум и категорично се спротивставувам на идејата за формирање на паралелна нова Академија за науки и уметности. Преседан е создавање на “етнички чисти” институции, а оваа иста идеја недвосмислено беше и претходно отфрлена од актуелните академици, вели Филипче.

Тој потенцира дека СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите.

-СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите. Науката не смее да се етнизира на ниеден начин и во ниеден случај. За СДСМ и за мене како претседател ова е тенденциозна политичка порака која им служи единствено на намерите за поттикнување на поделби кои носат огромна штета за граѓаните и општеството, пишува Филипче.

Тој изрази жалење што ВМРО-ДПМНЕ молчи за ова прашање, што според него значи одобрување на иницијативата и најави дека СДСМ ќе се спротивстави на ваквите проекти со сите механизми.

-Жалам што оваа идеја ВМРО-ДПМНЕ ја одмолчува, а со тоа и ја одобрува. СДСМ со сите расположливи механизми ќе се спротистави во општините кои треба да го финансираат овој проект, порача претседателот на СДСМ, Венко Филпче.

Можете да прочитате

Втор случај на политичка дискриминација врз професор во Битола од истиот просветен инспектор кој ја казни ексградоначалничката Петровска

ОД УТРЕ (НЕДЕЛА) ДОАЃА УШТЕ ПОСТУДЕН БРАН: Температурите паѓаат за 8 степени, следната седмица локален дожд, и снег на планините!

Барале пари за да дадат информации – нови детали за исчезнатата Лидија