
Изјава на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче
Денес ја одбележуваме годишнината од смртта на Гоце Делчев, најголемиот македонски револуционер, човекот кој се бореше за слобода, правда и рамноправност на сите.
За жал, денес неговото име се злоупотребува од страна на ВМРО – организација која се претставува како негов „наследник”, а всушност е криминална група предводена од шефот на мафијата Христијан Мицкоски.
Гоце Делчев се бореше против неправда и туѓинска власт.
Денешното ВМРО се бори за тендери, заштита на криминалци и за бугарски пасоши во џебовите.
Гоце Делчев се бореше за слободна и праведна Македонија.
Денешното ВМРО ја претвори државата во плен, а граѓаните во заложници на својата корупција и власт.
Ако Гоце Делчев денес беше жив, би се срамел од оние што се повикуваат на неговото име додека уништуваат сè за што тој се бореше.
Тој лично би се борел против Мицкоски, против оваа денешна криминална група ВМРО и сè она што тие го претставуваат.
Ние од СДСМ ја чествуваме годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев со длабока почит кон неговата идеја – слободна и праведна Македонија.
Во чест на борбата на Гоце Делчев, на граѓаните им порачуваме: наскоро доаѓа времето на правдата и одговорноста и некои подобри времиња и идеали за кои се бореше Гоце Делчев.
СДСМ продолжува со својата заедничка борба заедно со граѓаните за враќање на власта во рацете на народот, за демократска и европска Македонија – праведна и слободна земја каква што ја сакаше Гоце Делчев.

