Утрински Весник
Македонија

Филипче: Европска Македонија или криминална изолација со Мицкоски – изборот е јасен

Filipce sdsm press.jpg

Изборот е јасен – Европска Македонија или криминална изолација со Мицкоски, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната  прес-конференција.

Филипче посочи дека власта предводена од Мицкоски свесно го блокира европскиот пат на државата за да ги заштити сопствените криминални интереси и да продолжи злоупотребата на народните пари.


„Мицкокски и неговата група свестно ја блокираат Европската иднина на Македонија, за да ја продолжат кражбата на народните пари. И токму затоа националниот идентитет им служи само како изговор за да ја зачуваат власта и да продолжат со своите криминални интереси. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија нема дозволи нашиот идентитет да се користи како штит за криминал и корупција. Македонскиот идентитет е најсилен кога е дел од Европа, а не кога е затворен во изолација и сиромаштија”, рече Филипче.

Тој додаде дека граѓаните препознаваат од каде доаѓа вистинската опасност за државата и иднината, додавајќи дека заканата не е во внесување на малцинствата во Уставот, туку во криминалот и корупцијата.

„Граѓаните знаат, вистинската закана за идентитетот, за државата и за иднината не доаѓа од малцинствата, туку доаѓа од криминалот и корупцијата на организираната криминална група на ВМРО. Изборот е јасен – Европска Македонија или криминална изолација.”

Можете да прочитате

Голема сајбер-операција на МВР и ФБИ: Разоткриен 20-годишник кој администрирал криминална интернет-платформа

Антонио Јолевски назначен на местото на осомничениот обвинител Пецо Везировски

Започнува вакцинацијата против сезонски грип, еве како да се пријавите