Утрински Весник
Македонија

Филипче ја презеде функцијата Претседател на СДСМ, следи период на обединување и реформа

Filipche A Prezede Funkci Ata Pretsedatel Na Sdsm 1.jpeg

Денеска во седиштето на партијата, Венко Филипче ја презеде функцијата Претседател на СДСМ од поранешниот претседател Димитар Ковачевски.

Ковачевски му честиташе на изборот, му посака понатамошен успех во работата и повторно градење победнички СДСМ.

Филипче се заблагодари на честитките, како и за ангажманот на Ковачевски во изминатите години како претседател на партијата и како премиер на Владата.

Новоибраниот претседател, Венко Филипче посочи дека следи период на многу работа, обединување и реформа на СДСМ. 

-Процесот нема да биде ниту брз ниту лесен, но освен темелни промени не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите, за да може постепено да ја освојуваме и довербата кај граѓаните. Ќе водам со пример, ќе обединувам и ќе работам како што ветив, како што се обврзав пред членовите. Сечиј глас ќе биде слушнат. Со честа и отворена комуникација со членството ќе создадеме нова енергија на партијата која ќе ја трансформираме во една ефикасна организација. СДСМ ќе се врати посилна и ќе продолжи да биде мотор на општествениот напредок., рече Филипче.

Филипче убедливо победи на директните внатрепартиски избори со освоени над 9.000 гласа од членовите на партијата.  СДСМ е единствена партија во земјата со толку висок демократски капацитет којашто претседаелот го бира на директни, непосредни внатрепартиски избори.

Можете да прочитате

На Клиника за онкологија во Скопје ќе се работи во две смени

Запленети возила, цигари, облека: Царинската управа спречи обиди за криумчарење на разна стока

Расчистени шест тешки кражби во радовишко, сторителот приведен, следува кривична пријава