Утрински Весник
Спорт

Феликс сака да го напушти Атлетико

Феликс сака да го напушти Атлетико

Извршниот директор на Атлетико Мадрид, Михел Анхел Хил Марин, ги потврди медиумските шпекулации дека Жоао Феликс сака да го напушти клубот.

dobivaj vesti na viber

Хил Марин е во Дубаи каде, во текот на денот ќе се одржи Собранието на Примера, кое го бојкотираат Барселона и Реал Мадрид.

Во изјава за „АС“, извршниот директор на Атлетико рече дека Феликс и тренерот Диего Симеоне повеќе не се во добри односи, поради што 23.годишниот португалски интернационалец сака да го напушти клубот.

„Тој е најголемиот трансфер во историјата на клубот. Мислам дека може да игра на највисоко светско ниво, но од причини кои сега не треба да се споменат, неговиот однос со тренерот не е добар. Ниту, пак, неговата мотивација е добра. Иако би сакал да остане, тој не сака“, изјави Хил Марин.

Во 2019 година, Феликс се пресели од Бенфика во Атлетико Мадрид за 126 милиони евра и стана најскапиот играч во историјата на клубот. И покрај тоа, тој не се снајде најдобро во клубот, постигнувајќи 24 првенствени голови на 94 натпревари.

Според медиумите, Атлетико бара 100 милиони евра за Феликс, по интересот што го искажаа некои европски клубови.

Секако дека предничат оние од англиската Премиер лига, како Манчестер јунајтед и Челзи, додека Баерн и Пари Сен Жермен будно ја следат ситуацијата околу него.

Можете да прочитате

Влаховиќ ја разбуди „старата дама“

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка