Утрински Весник
Свет

ФБИ не знае дали куршум или шрапнел го погодил увото на Трамп

Tramp Uvo.jpg

Не е јасно дали куршум или шрапнел го погоди увото на поранешниот претседател Доналд Трамп во обидот за атентат против него, изјави директорот на ФБИ Кристофер Вреј на сослушувањето во Претставничкиот дом, цитиран од Еј-Би-Си.

Вреј беше прашан од претседателот на Комитетот за правосудство Џим Џордан дали ФБИ го знае точниот број на куршуми испукани од напаѓачот на Трамп.

„Можно е овој куршум да погодилна друго место. Но, мислам дека го утврдивме точниот број на испукани куршуми во огненото оружје“, додаде Вреј.

Можете да прочитате

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија

САД воведуваат 35 отсто царини за Канада, Трамп најавува тарифи за повеќето трговски партнери

Трамп: Во понеделник „голема изјава“ за Русија