Утрински Весник
Свет

Фаворитот за нов германски канцелар е милионер, кој во слободно време е пилот

20241108075439 Big 730x400 59.webp.webp

Германскиот опозициски лидер Фридрих Мерц, конзервативниот ривал на Олаф Шолц, е фаворит за нов канцелар по распадот на владејачката коалиција во Германија, а тој ветува поместување надесно по прашањето за миграцијата, како и враќање на традиционалните вредности.

Се чини дека неговата упорност му се исплатеше: на возраст од речиси 69 години оваа вечна надеж на конзервативците, кого поранешната канцеларка Ангела Меркел долго време го држеше на страна, веќе започна изборна кампања за предвремени избори, кои изгледаат неизбежни во Германија.

И се надева дека изборите ќе се одржат што поскоро.

Мерц во четвртокот го повика социјалдемократот Шолц парламентот веќе следната недела да гласа за доверба на владата и да не чека јануари.

„Едноставно не можеме да си дозволиме неколку месеци да имаме влада без мнозинство“, изјави лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ).

Во најновиот барометар на јавната телевизија ЗДФ, овој главно несакан ветеран на политичката сцена доби 48 отсто поддршка за водење на најголема европска економија, наспроти 37 отсто поддршка за актуелниот канцелар.

Милионер кој е пилот во слободно време

Фридрих Мерц е пилот во слободното време и има два приватни авиони.

Тој го презеде раководството на ЦДУ во јануари 2022 година по поразот на неговата партија на парламентарните избори, по два претходни неуспешни обиди во 2018 и 2020 година.

Оттогаш, тој работи својата партија да ја врати на десно, по центризмот под Меркел, и се обидува да ја измие сликата за себе како на човек кој е воден само од желбата да и се одмазди на поранешната канцеларка.

Во 2002 година Меркел го разреши од важната функција претседател на Клубот на пратеници, поради што во 2009 година се повлече од политиката и се пресели во финансискиот сектор.

Како адвокат во голема бизнис фирма, овој татко на три деца, кој е оженет со правничка, се здоби со влијателни позиции во големи компании, вклучувајќи го и BlackRock, еден од најголемите управувачи во светот со имоти.

Милионерот, кого го прозиваат за ароганција, е познат по неговите промени во расположението и сарказам.

Но, „Фридрих Мерц во моментов е одговорот на ЦДУ за успехот на АфД“, неодамна оцени неделникот „Ди Цајт“.

„Ништо шарено и разновидно дома: неговото буржоаско, традиционално и богато семејно потекло (…) сè уште одговара, во голем дел од земјата, на идеалната социјална визија што ја споделуваат агностиците, христијаните и муслиманите“, пишува „Ди Џајт“.

„Социјален туризам“

Тој не мисли дека во неговата влада мора да има еднаков број мажи и жени, а во миграциската политика го отфрла наследството на Ангела Меркел, која за време на големата мигрантска криза во 2015 година ги отвори вратите на Германија за стотици илјади Авганистанци и Сиријци.

Тој ги брани систематските протерувања на одбиените баратели на азил и криминалци и намалувањето на помошта за мигрантите. Иако исклучува каква било владина алијанса со АфД, Фридрих Мерц не се двоуми да употреби слична реторика.

По нападот на млади луѓе врз службите за итни случаи на крајот на 2022 година во Берлин, Мерц ги опиша напаѓачите како „мали овчари“ од „арапската област“ кои „всушност немаат што да прават во Германија“.

Украинските бегалци кои бегаат од руската инвазија Мерц ги прозва дека практикуваат „социјален туризам“, чија единствена цел е да ги искористи германските услуги, но тој подоцна се извини.

Огнен поддржувач на воената помош за Украина

Фридрих Мерц сепак е еден од најжестоките поддржувачи на германската воена помош за Киев.

На економски план зазема либерална позиција, блиска до партијата ФДП, со која ја споделува својата посветеност на контроверзната „должничка кочница“, механизам кој ги ограничува новите долгови, но и инвестициските капацитети на земјата.

Мерц беше пратеник во Европскиот парламент од 1989 до 1994 година и се претставува како убеден Европеец и жесток бранител на француско-германската локомотива.

Можете да прочитате

Русија ѝ даде на Северна Кореја борбени авиони за да испрати војници во Курск

Пентагон изврши успешен тест на пресретнување на балистичка ракета во близина на Гуам

Политико со своја листа на најмоќни во Европа: На прво место Џорџа Мелони