Утрински Весник
Македонија

Фатена инспекторка од Куманово како прима поткуп

Evra.jpg

СВР Куманово во содејство со Одделот за криминалистичка полиција при МВР денеска во 13.30 часот постапи по наредба од ОЈО Куманово за расчистување на кривично дело „примање поткуп“ од член 357, при што во Куманово е лишена од слобода Л.Т., овластен градежен инспектор при општина Куманово, која била затекната како прима поткуп од 4.000 евра.

Имено, на 25.09.2024 граѓанин во СВР Куманово пријавил дека овластениот градежен инспектор Л.Т. при општина Куманово, која вршела контрола на објект во изградба кој оштетениот го градел и на кој пријавената при контрола на записник констатирала отстапување од одобрението за градење, а за да не му издаде решение за запирање со градење и да не му поднесе соодветна пријава до надлежно ОЈО или суд му побарала поткуп најпрво сума од 1500 евра, за да на 31.10.2024 ја покачи сумата за поткуп на 4000 евра.

По добиената пријава, известено е ОЈО Куманово и преземени се соодветни мерки. На оштетениот му се дадени технички обработени пари кои тој денеска во ресторан во Куманово и ги дал на Л.Т.. Откако Л.Т. ги зела парите, била лишена од слобода од страна на полициски службеници од ОКП при МВР и ОЕК при СВР Куманово.

По целосно документирање на случајот, Л.Т. ќе биде изведена пред надлежен јавен обвинител при ОЈО Куманово.

Можете да прочитате

Обвинителство оформи предмет за Груби и судијата Беџети

Тошковски: Жените имаат моќна улога во создавањето на позитивни промени, над 45% од менаџерските функции во МВР се жени

Филипче: Несоодветни се измените на Законот за јавни набавки, тоа е чекор назад