Утрински Весник
Свет

Евростат: Во ЕУ 20 милиони деца во опасност од сиромаштија

Eu.jpg

Во 2023 година, речиси 20 милиони деца во ЕУ, или 24,8 отсто од децата  биле во ризик од сиромаштија и социјална исклученост, објави Евростат.

На ниво на поединечни земји, најголем удел на деца со ризик од сиромаштија и социјална исклученост во 2023 година е забележан во Романија (39,0 %), потоа во Шпанија (34,5%) и Бугарија (33,9%).

Спротивно на тоа, Словенија (10,7%), Финска (13,8%) и Холандија (14,3%) имаат најниско учество на деца во ризик од сиромаштија.

„Во 2023 година, 10,7 отсто од децата на возраст под 18 години во ЕУ, чии родители имаат високо ниво на образование, се или во ризик од сиромаштија или социјална исклученост, во споредба со 61,8 отсто од децата чии родители имаат ниско ниво на образование“, соопшти Евростат. 

Можете да прочитате

Иран за првпат ја нападна Сирија, сообраќајот низ Хормуз е запрен

(Видео) Огромно свлечиште затрупа згради во Кина, луѓе заробени под урнатините

Врховната рада го избра Сергиј Корецки за нов премиер на Украина