Утрински Весник
Свет

Европските лидери го осудија шокирачкиот напад врз словачкиот лидер

Ficco.jpg

Лидерите ширум Европа, во првичните свои изјваи, изразија вознемиреност од пукањето во кое попладнево беше ранет словачкиот премиер Роберт Фицо.

Германскиот канцелар Олаф Шолц го осуди пукањето во словачкиот премиер Роберт Фицо, истакнувајќи на платформата Х дека е „длабоко шокиран од веста за кукавичкиот напад на словачкиот премиер Фицо“.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го осуди „гнасното“ пукање на словачкиот премиер Роберт Фицо.

„Силно го осудувам гнасниот напад врз премиерот Роберт Фико“, напиша фон дер Лајен на X.

„Ваквите акти на насилство немаат место во нашето општество и ја поткопуваат демократијата, нашето најскапоцено општо добро“, додаде таа.

„Моите мисли се со премиерот Фицо и неговото семејство“, порача Фон дер Лајен.

Претседателот на Европскиот советШарл Мишел изјави дека е „шокиран“ од пукањето и ранувањето на словачкиот премиер Роберт Фицо.

„Шокиран сум од веста за нападот на словачкиот премиер Фицо по состанокот на словачкиот кабинет во Хандлова. Ништо никогаш не може да го оправда насилството или вакви напади“, додаде тој. „Моите мисли се со премиерот и неговото семејство“, напиша Мишел на Х.

„Шокантни вести од Словачка. Роберт, моите мисли се со тебе во овој многу тежок момент“, напиша полскиот премиер Доналд Туск на X.

„Длабоко сум шокиран од грозоморниот напад врз мојот пријател, премиерот Роберт Фицо. Се молиме за неговото здравје и брзо закрепнување! Бог да го благослови него и неговата земја! напиша унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Веста за пукањето на словачкиот премиер Роберт Фицо е шокантна. Посакувам премиерот да оздрави што побрзо. Не смееме да толерираме насилство, тоа не смее да има место во општеството“, изјави чешкиот премиер Петр Фиала. 

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена