Утрински Весник
Спорт

Европскиот парламент со резолуција: ФИФА е корумпирана, а Катар не требаше да биде домаќин

Европскиот парламент со резолуција: ФИФА е корумпирана, а Катар не требаше да биде домаќин

Европскиот парламент денеска усвои резолуција за состојбата со човековите права во Катар, во која се оценува дека изборот на земјата да биде домаќин на Светското првенство е проследен со веродостојни обвинувања за корупција и мито и бара радикална реформа на ФИФА.

dobivaj vesti na viber

Во резолуцијата Парламентот изрази длабоко жалење за смртта на илјадници печалбари во Катар, главно градежни работници, кои градеа објекти за Светското првенство, како и за сите повредени.

Исто така, се оценува дека „меѓународните спортски настани, со цел да се заштитат спортистите и навивачите и да се запре злоупотребата на спортот за подобрување на угледот, не треба да им се доделуваат на земји во кои се прекршени основните човекови права и во кои преовладува родово насилство“.

Со оценката дека во ФИФА има „системска и длабоко вкоренета“ корупција, пратениците од Европскиот парламент изразија жалење што доделувањето на организацијата на Светското првенство на Катар во 2010 година не било транспарентно и немало процена на можни штетни последици.

Се нагласува дека ФИФА сериозно ги нарушила угледот и интегритетот на светскиот фудбал, соопшти Европскиот парламент.

Во резолуцијата Европскиот парламент ги повика членките на ЕУ, особено оние со големи национални фудбалски лиги, како Германија, Франција, Италија и Шпанија, да извршат притисок врз Европската фудбалска федерација УЕФА и врз ФИФА за радикална реформа на ФИФА.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами