Утрински Весник
Скопје

ЕВН најави исклучување: Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров

Struja 1.jpeg

Корисниците од делови од улиците „Богомилски поход“, „Благоја Мучето“, „Тодор Чангов“ и „Ѓорѓе Андреевиќ Кун“ во Општина Аеродром утре од 8 до 15 часот ќе немаат струја поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека утре од 8:30 до 14 часот без електрична енергија ќе останат и корисниците од дел од ул. „Беласица“ и дел од ул. „Петричка“ во општина Центар, а од 9 до 11:30 во оваа општина струја ќе немаат и корисниците од дел од бул. „Партизански одреди“ во околината на Градежниот факултет.


Од 11 до 12 часот утре без електрична енергија ќе бидат и корисниците од дел од ул. „Исаија Маџовски“ и дел од ул. „Воин Драшкоци“ во Општина Ѓорче Петров.

МИА

Можете да прочитате

Жители од Ново Лисиче бараат одложување на зонското паркирање

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Ѓорѓиевски најави нова зона и дигитални услуги за корисниците на „Градски паркинг“