Утрински Весник
Скопје

Околу 45 домаќинства приклучени на новата водоводна мрежа на улицата „Аврам Писевски“ во Чаир

Image 2026 09 24 155113747.png

Работите за изградба на новата водоводна мрежа на кракот од улицата „Аврам Писевски”, во населбата Гази Баба, влегуваат во завршна фаза. Во соработка со ЈП „Водовод и канализација” реализирано е поврзувањето на овој крак со главната водоводна мрежа, со што се заокружува изградбата на новата мрежа.

На новата водоводна мрежа веќе се приклучени околу 45 домаќинства, а работите се изведени според високи стандарди на изведба и квалитет. Работите на терен одблиску ги следеше претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези.


Проектот се реализира во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Со завршувањето на оваа фаза се создаваат услови за преминување кон следната фаза, која предвидува целосно асфалтирање на улицата „Аврам Писевски”.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција

Карпош одбележа 50 години постоење со традиционалните спортски игри за пензионери

Меџити: Новиот базен во училиштето „7 Март”, инвестиција од околу 1 милион евра за децата од Чаир