Утрински Весник
Македонија

Еве кога може да се очекува екстрадиција на Палчо

Ljupco Palevski 1

Главниот осомничен за убиството на малата Вања Ѓорчевска и на пензионерот од Велес, Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо се уште е во затвор во Турција од каде се очекува негова екстрадиција во Македонија.

За неколку денови истекува привремениот противор на Палевски, по што турските судски органи ќе треба да одлучат што понатаму, дали ќе го продолжат притворот или ќе го екстрадираат кон Македонија.

Шефот на скопското јавно обвинителство, Гаврил Бубевски смета дека екстрадицијата ќе заврши многу брзо.

Правниот дел во делот за екстрадиција е завршен. Останува делот од Турција, за кој што немам последни сознанија. Предметот е веќе во средна, сериозна фаза, можеби за брзо ќе има нешто кога ќе заврши екстрадицијата и не гледам никаква пречка тоа да се заврши брзо, истакна обвинителот.

Свои напори да се забрза екстрадицијата ќе направи и министерот за правда, Кренар Лога, кој најави дека следната недела, во четврток ќе замине за Турција, каде ќе се сретне со неговиот турски колега.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

За нивното убиство се товарат Љупчо Палевски Палчо, кој е во привремен затвор во Турција, Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, и Стефан Димковски кој се сомничи дека му помогнал на Палчо да избега во Турција.

Можете да прочитате

Современ инкубатор за кумановската општа болница

“Лидл“ заинтересиран да отвори маркети на две локации во Штип

Средба на Муцунски со Директорот на Транспортната Заедница со седиште во Белград,  Матеј Закоњшек