Утрински Весник
Свет

Евакуирана зоолошката градина во Санкт Петербург поради дојава за бомба

233000 Profimedia 0852929659 S.jpg

Посетителите и вработените во зоолошката градина во Санкт Петербург денеска се евакуирани поради дојава за бомба, соопшти прес-службата на зоолошката градина.

„Зоолошката градин во Санкт Петербурга доби дојава за бомба. Сите служби се информирани, а посетителите и вработените се евакуирани“, се вели во соопштението.

Се додава дека истрагата е во тек. Зоолошката градина е лоцирана во центарот на Санкт Петербург, зафаќа површина од четири хектари и е една од најстарите зоолошки градини во Русија.

Можете да прочитате

Кина погуби 11 членови на семејство кое водело центри за онлајн измами

Амазон ќе затвори 16 илјади работни места

Градоначалникот на Минеаполис одбива полициска соработка во акции против имигранти