Утрински Весник
Македонија

За пет часа 59 санкции за возачи на мотоцикли и тротинети во Кочани и Виница

Image 2026 07 28 092323108.png

Вчера (27.07.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на Кочани и Виница, насочена кон санкционирање на возачи на мотоцикли и лесни електрични возила (тротинети) кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Во контролата биле изречени вкупно 59 санкции, од кои една за возач на лесно електрично возило (тротинет), 34 за управување мотоцикл без заштитен шлем (кацига), една за истечена полиса за задолжително осигурување, една за истечена важност на регистрацијата на мотоцикл, три за управување без соодветна категорија, една за управување под дејство на алкохол, две за други прекршоци сторени од возачи на мотоцикли и 16 за останати сообраќајни прекршоци.

При контролата биле откриени и три кривични дела, при што од слобода биле лишени три лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – управување со моторно возило без да поседуваат возачка дозвола. Едно од лицата е малолетник, а притоа биле одземени три мотоцикли.

За сите сторители ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Зајкова: Најтрагично е кога некој критикува грешки на претходникот и не ги поправа кога ќе дојде неговиот ред, туку ги усовршува

Бендевска: Фестивалот „Илинденски денови“ претставува вистински простор за промоција на културното наследство

Голема акција на Богородица: Запленети 5.000 штеки цигари вредни 9 милиони денари