Утрински Весник
Балкан

ЕУ откри измама со ИПАРД фондовите во Албанија, ќе блокира 112 милиони евра од ИПАРД 3

20240622083628 Big 730x400 98.webp.webp

Средства во износ од 33 милиони евра обезбедени од Европската унија како помош за албанското земјоделство биле злоупотребени.

– Бројката ја откри Канцеларијата за борба против измами на Европската унија, ОЛАФ, која исто така препорача блокирање на следниот пакет од 112 милиони евра додека не се преземат мерки за гарантирање на заштитата на финансиските интереси на ЕУ, објави Ора њуз.

Според истиот извор, во годишниот извештај, ОЛАФ ги открива и трите главни прекршувања направени со ИПАРД фондовите, што доведе до тоа Европската унија во јули да ја прекине оваа поддршка.

– Од апликантите се барало да платат значителен дел од нивниот грант на локална консултантска компанија, се доделувале  договори без конкуренција или преку наместен конкурс (со поднесување лажни понуди), како и надуени цени и прекршување на договорните правила,  се вели во извештајот на ОЛАФ.

Според соопштението на ОЛАФ, по серија истражни чекори, вклучително и дигитални форензички претреси на документи поврзани со корисниците на ИПАРД 2, АРДА и други економски оператори, ОЛАФ открил многу сериозни неправилности за време на фазата на доделување грантови и спроведувањето на многу проекти.

Канцеларијата за борба против измами на Европската унија исто така информира дека копија од наодите е испратена до албанските власти поради „можни криминални активности“ откриени во текот на истрагата.

Покрај блокирањето на фондот од 112 милиони евра за ИПАРД 3, ОЛАФ и препорача на Европската комисија да ги прогласи повиците еден и два од програмата ИПАРД 2 за неважечки. Вкупните средства од овие повици достигнуваат 33 милиони евра.

Можете да прочитате

Јотова: Бугарија не спречува никого во самоопределување, но ќе ги спречи обидите да се припише историјата

Евакуирани пет воспитувачки од градинка: Невремето направи хаос низ Србија

Европската комисија: Бугарија се’ уште не е подготвена за влез во еврозоната