Утрински Весник
Свет

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош за Украина

Aa 3.webp.webp

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија првата квартална исплата на Украина од фондот за поддршка, чија вкупна вредност е 50 милијарди евра (55 милијарди долари), јави ДПА.

Исплатата од 4,2 милијарди евра е за финансирање на функционирањето на државата и за поддршка на економската стабилност на земјата, каде војната продолжува да беснее.

ЕУ го надмина противењето на унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно оваа година за да создаде фонд од 50 милијарди евра за Украина, обезбеден од буџетот на блокот, кој ќе трае до 2027 година.

Украина мора да ги исполни однапред договорените услови за да продолжи да прима редовни квартални плаќања.

Можете да прочитате

Сијарто: ЕУ мора да ги прекине двојните стандарди кон Унгарија

Упадот на беспилотни летала во Полска би можел да биде грешка, смета Трамп

Поранешниот бразилски претседател Болсонаро осуден на 27 години затвор за обидот за државен удар