Утрински Весник
Свет

ЕУ им должи на земјите-членки седум милијарди евра за оружје испорачано на Украина

IMG

Европската унија акумулирала долг од 7,16 милијарди евра кон земјите-членки за оружје што и било испорачано на Украина, пишува шпански „Ел Паис“, повикувајќи се на документ на Европската служба за надворешни работи.

За да се реши овој проблем, авторите на овој документ предлагаат членките на блокот што поскоро да се договорат за создавање на нов фонд за помош на Украина. Од тој фонд, во следните четири години ЕУ би издвојувала пет милијарди евра годишно за помош на Киев.

Поради стравувањата дека со победата на Доналд Трамп на претстојните избори во САД, ЕУ може да остане сама во поддршката на Киев, Брисел ја привршува работата за создавање на специјален фонд за помош.

Од почетокот на украинскиот конфликт, Европската унија одобри распределба на 3,5 милијарди евра за вооружување на Киев и уште две милијарди евра за програми за снабдување на Киев со муниција.

Сепак, според документот на Европската служба за надворешни работи, ЕУ има акумулирано долг од 7,16 милијарди евра како неисплатени бенефиции на земјите-членки.

Можете да прочитате

Луфтханза откажува 20.000 летови поради високите цени на керозинот

Ниту американска ниту иранска делегација не отпатува на разговори во Исламабад

Ако Израел не се повлече од јужен Либан ќе се соочи со отпор