Утрински Весник
Економија

ЕСМ: Ако некој има сознанија за фирма која продава струја а не ја наплаќа авансно да ја пријави

Без струја делови од Илинден и Петровец
Ss2

АД ЕСМ е производител на електрична енергија и со сопствената произведена енергија го снабдува ЕВН Хоме за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи. Снабдувањето се врши 100 процентно, по задолжение добиено од Владата, наместо 60% како што е по законот, а се со цел да се обезбеди електрична енергија по пониска цена и да се спречи енормен раст на крајната цена за домаќинствата, велат од компанијата.

dobivaj vesti na viber

„ ЕСМ Продажба ДООЕЛ е фирма ќерка на АД ЕСМ која врши набавки и продажби на електричана енргија за дополнителните снабдувања по одлуки на Владата, односно субвенционирано снабдувања за три категории субјекти: училишта, прехранбена индустрија и водостопанства, како и за техничките потреби на мрежите на Електродистрибуција и МЕПСО, за да не дојде до покачување на крајната цена на струјата за граѓаните.

Ss1

По препорака од Владата, ЕСМ Продажба снабдува и одреден број витални објекти, како болници, клиники, детски градински и субјекти од државно значење, по берзански цени, но со помала маржа во однос на другите понудувачи, со што обезбедува поповолни услови и за оваа категорија потрошувачи, додека истовремено остварува профит од тргувањето.

Во однос на начинот на плаќање на електричната енергија при нејзина набавка, истата секогаш се плаќа авансно и наведениот начин се користел и во времето кога имало други раководни структури во АД ЕСМ“ појаснуваат од ЕСМ.

Доколку било кој субјект има сознанија за фирма која продава електрична енергија а истата не ја наплаќа авансно, од компанијата го повикуваат да ја препорача до ЕСМ Продажба. Како што наведуваат од ЕСМ, истата не би требало да биде од рангот на досега препорачаните непостоечки и фантом фирми за снабдување со гас и мазут.

Ss1

Можете да прочитате

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува – 24info.mk