Утрински Весник
Спорт

Можат ли Шпанија и Јапонија да ги „наместат“ Германците?

Можат ли Шпанија и Јапонија да ги „наместат“ Германците?

Денеска следи разигрување во групата Е на Мундијалот, а во фокусот на вниманието е селекцијата на Германија, која може да испадне, бидејќи моментно има само еден бод.

dobivaj vesti na viber

Германците немаат избор, мора да ја победат Костарика, но и тоа можеби нема да биде доволно за да се пласираат во осминафиналето на СП.

Шпанија е лидер со четири бода и гол разлика 8:1, а Јапонија е втора со три бода. Во случај на реми со Шпанија, Германците можат да се израмнат со Јапонија и ако ја победат Костарика со два гола разлика, ќе се искачат пред Јапонија на табелата.

Меѓутоа, што ако Јапонија ја победи Шпанија?

Во тој случај Јапонија е прва со шест бода, а Шпанците остануваат на четири. Во тој случај Германците би морале да ја надополнат гол-разликата на Шпанија од 8:1. Така, ако на пример Шпанија загуби со еден гол разлика, Германците со моментната гол разлика би морале да ја победат Костарика дури со 8:0 за да ја прескокнат селекцијата на Луис Енрике.

Ова им дава можност на Шпанците да ги слушаат резултатите на Германија до последните 20 минути, а ако е „само“ 2:0 или 3:0, можат да ги остават Јапонците да победат и да завршат на второто место на табелата.

Ова дополнително затоа што може да се случи Мароко да биде првопласиран во групата Ф, па тогаш Шпанија би имала и полесен ривал во осминафиналето.

Можете да прочитате

Сејдини: Модерна и прогресивна федерација, тоа е целта за сите нас

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Ферстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18.место