Утрински Весник
Спорт

Ериксен: Атмосферата е подобра откако замина Роналдо

Ериксен: Атмосферата е подобра откако замина Роналдо

Манчестер јунајтед без проблеми го совлада Нотингем форест, во првиот меч по заминувањето на Кристијано Роналдо. Тимот на Ерик тен Хаг со рутински 3:0 го победи Нотингем Форест, а изјавата на Кристијан Ериксен по натпреварот потврдува дека Роналдо е минато за клубот.

dobivaj vesti na viber

„Жал ни е што Роналдо не е дел од ова, неговото наследство и неговото име имаат посебен статус во секој клуб. Мило ми е што имав можност во кариерата да ја делам соблекувалната со него. Сега сме во добра ситуација. Почетокот на сезоната беше многу тежок, потоа фудбалот беше малку поинаков. На некои натпревари пропуштивме многу, но мислам дека ја подобривме формата и растеме“, изјави играчот од средниот ред на Јунајтед и додаде:

„Можете да почувствувате дека атмосферата во тимот е подобра. Може да почувствувате дека системот функционира и дека сите играчи веруваат во него, а тоа е клучно. Атмосферата е добра. Имаме многу играчи кои штотуку се вратија од Светското првенство, некои допрва треба да дојдат. Оваа победа ни помага да поминеме период во кој сигурно ќе има многу уморни нозе“.

Можете да прочитате

Успешно реализирано Светското училишно првенство во ракомет – Македонија ја оправда довербата на светската спортска сцена

Мастербет со поддршка за младиот шампион Силвио Мировски на патот кон нови европски успеси

Неверојатно полуфинале во Париз – ПСЖ и Баерн постигнаа девет голови