Утрински Весник
Свет

Ердоган: Турција ќе направи напори да организира разговори меѓу Путин и Зеленски

Ердоган најави дека следната година пак ќе се кандидира за претседател

Турција ќе продолжи со напорите за организирање разговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави шефот на турската држава Реџеп Таип Ердоган на вонредниот самит на Организацијата на турските држави во Анкара.

dobivaj vesti na viber

„Договорот за житото и размената на затвореници, кој стана возможен со наше посредништво, покажа дека страните во украинскиот конфликт се способни да најдат заеднички јазик“, рече Ердоган.

Според него, Турција се залага за праведен мир во Украина и, како што рече, сè уште е во постојан контакт со рускиот претседател, Владимир Путин, и со украинскиот лидер, Володимир Зеленски.

„Ќе продолжам да вложувам напори за организирање разговори меѓу нив“, рече турскиот претседател. Анкара постојано ја изразуваше идејата да стане посредник во преговорите меѓу Русија и Украина.

Можете да прочитате

(Видео) Потресни сведоштва на украинските деца кои беа вратени од Русија

Пронајдени нови докази за убиството на малолетната Луиза во Германија, оружјето сѐ уште мистерија

Автомобил влетал во пешаци на аеродром во Германија, неколку лица повредени