Утрински Весник
Балкан

Ердоган: Изборите за нас се пресвртница, имаме уште четири години да ги исправиме грешките

Erdogan.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Турската демократија ја докажа својата зрелост. Денешните избори за нас се пресвртница, а не крај. Секој гласач победи, без разлика дали гласал за нас или не, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по дебаклот на АКП на локалните избори во Турција.

АКП на Ердоган ги загуби сите поголеми градови на изборите на кои повеќе од 61 милион гласачи во Турција го добија правото на глас. Тој изјави дека не очекувале такви резултати, но дека во се има добро.

– Ќе ја послушаме волјата на народот, како и во минатото. Народот ги кажа последните зборови. Ќе работиме со градоначалниците кои победија на изборите. Ќе се самокритикуваме. Имавме неуспеси, истакна тој. Тој нагласи дека неговата влада има уште четири години да ги исправи своите грешки.

-Немаме избор во следните четири години. Ќе ги обновиме подрачјата погодени од земјотресот, ќе ја поправиме економијата, рече Ердоган.

Можете да прочитате

Силен земјотрес вечерва го вознемири јадранскиот регион

Преку лажни профили како деца до порнографија – Осум уапсени во Србија

Протест пред бугарската народна банка