Утрински Весник
Свет

Германија го либерализира пазарот на канабис

D0bad0b0d0bdd0b0d0b1d0b8d181d0bed182 D0bfd0bed0bcd0b0d0b3d0b0 D0b7d0b0 D0b7d0b0d0b7d0b4d180d0b0d0b2d183d0b2d0b0d19ad0b5 D0bdd0b0 D0ba 63dd7ed5e42e3.jpeg

Германија го либерализира пазарот на канабис, декриминализирајќи го поседувањето мали количини од денеска, јави ДПА.

Како втор чекор, на „клубовите за канабис“ ќе им биде дозволено од 1 јули да одгледуваат канабис за лична употреба на своите членови.

Станува легално да се набавува до 25 грама марихуана дневно или максимум 50 грама месечно за лична употреба преку регулирани здруженија, како и да се одгледуваат до три растенија дома. За лица под 21 година, количината е ограничена на 30 грама.
     
Од 1 јули жителите на Германија постари од 18 години ќе можат да се приклучат на „клубовите за канабис“ – непрофитни организации со најмногу 500 членови. Трошоците на клубовите ќе бидат покриени со членарина, чиј износ ќе зависи од количината на марихуана што ја користи соодветниот член.

Новиот режим го прави германскиот закон за канабис еден од најлибералните во Европа, забележува Ал Џезира.

Можете да прочитате

Израелските жители се вознемирени од иранското гранатирање

Њујорк тајмс: Нетанјаху го откажа одмаздничкиот напад врз Иран по телефонскиот разговор со Бајден

Околу 20.000 свињи загинаа во пожар на фарма во Германија