Утрински Весник
Балкан

Продолжув блокадата на Ибарска магистрала од производителите на млеко во Србија

20260212080557 big 730x400 24.webp.webp

Земјоделците од српските градови Чачак и Краљево, кои од вчера попладне ја блокираа Ибарска магистрала крај Мрчаевци, одлучија да продолжат со протестот се додека Владата на Србија не ги исполни нивните барања.

Тие бараат контрола на увозот на млеко и млечни производи, прелевмани и увозни квоти, гарантиран откуп на млеко од сите производители и враќање на откупната цена на млекото на одржливо ниво.

Во изјава за српски медиуми тие велат дека Владата надлежните министерства ги игнорирале нивните барања, поради што одлучиле да го блокираат сообраќајот на таа сообраќајна магистрала се додека не се исполнат нивните барања. Додаваат дека тоа е нивната „решавачка битка што не смеат да ја изгубат“

Тие цела ноќ ја поминаа во кабините на своите трактори или покрај запалени огнови нагласувајќи дека тоа е сигурно најголемиот протест на земјоделците што некогаш се одржал во Србија.

Најавена е и блокада на уште неколку патишта низ Србија.

Повеќе од 100 производители на млеко учествуваа во блокадата на Ибарската магистрала во Мрчајевци, кои дојдоа на протестот со трактори, а стотици луѓе дојдоа со своите автомобили за да ги поддржат производителите на млеко и нивните барања.

Во текот на вчерашниот ден и во текот на ноќта немаше инциденти.

Можете да прочитате

Брнабиќ најави брзо конституирање на новото Собрание на Србија, датумот сè уште не е објавен

Двајца загинати во превртување автобус со српски таблички во Хрватска

ЕК ги започна преговорите за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“