Утрински Весник
Свет

Ердоган: Исходот од борбата ќе е поволен, никој нема да ја спречи Турција да ги обезбеди границите

Ердоган: Исходот од борбата ќе е поволен, никој нема да ја спречи Турција да ги обезбеди границите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека никој не може да ја спречи Анкара да ја обезбеди безбедноста на своите граници, а според него, исходот од турските воени операции во северен Ирак и Сирија ќе биде успешен.

dobivaj vesti na viber

Од 20 ноември Турција спроведува воздушна операција против сириското крило на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) во северна Сирија – беа пријавени напади врз градот Кобане, како и врз северен Ирак. Ердоган операцијата ја нарече успешна и не исклучува дека ќе следи копнена операција.

„Турција има право да преземе секакви мерки за да ја обезбеди сопствената безбедност, безбедноста на своите граници. Никој не може да не спречи да го искористиме ова право“ – рече Ердоган во Истанбул.

Според него, „во тешки зимски услови се води важна битка и во Запа (во северен Ирак) и во северна Сирија.

„Исходот од оваа борба ќе биде поволен“ – нагласи тој, пренесува РИА.

Можете да прочитате

Папата изјави дека нема да стои со скрстени раце пред прекршувањата на човековите права во светот

Орбан наскоро испраќа бизнисмени во Русија за да се подготват за повоениот период

Филипини: Кина испука сигнални ракети кон авион над Јужното Кинеско Море