Утрински Весник
Свет

Ердоган и Путин се согласија дека заплената на руски средства го загрозува меѓународниот финансиски систем

Putin i erdogan.jpg

Претседателите на Русија и Турција, денеска во Ашхабат се согласија дека европските обиди за преземање на руски средства ќе доведат до уништување на темелите на меѓународниот финансиски систем.

Руските медиуми пренесуваат дека на средбата присуствувал и помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.

Билатералната средба меѓу Путин и Ердоган се одржува на маргините на форумот посветен на Меѓународната година на мирот и довербата, Меѓународниот ден на неутралноста и 30-годишнината од трајната неутралност на Туркменистан.

Можете да прочитате

Путин: Тешко е да се предвидат последиците од конфликтите на Блискиот Исток

Трамп: Русија и Украина имаат шанса за договор

Зеленски: Европските земји да ја блокираат и запленат руската нафта