Утрински Весник
Свет

Ердоган ги повика граѓаните утре да гласаат, Киличдародглу порача: „Да ја извлечеме Турција од темната јама“

Ердоган ги повика граѓаните утре да гласаат, Киличдародглу порача: „Да ја извлечеме Турција од темната јама“

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска ги повика граѓаните на таа земја утре да гласаат во вториот круг од претседателските избори. Неговиот ривал, кандидатот на опозицијата Кемал Киличдародглу, пак, му порача на народот да гласа за да ја  извлечат земјата од „темната јама на дводецениското владеење на Ердоган“.

dobivaj vesti na viber

Како што јави Ројтерс, Ердоган и Киличдароглу планираат да привлечат околу осум милиони гласачи кои не излегоа на гласање во првиот круг од изборите.

 

Првиот круг од претседателските избори се одржа на 14 мај, а Ердоган освои повеќе од 49 отсто, додека Киличдароглу близу 45 отсто.

За победа беа потребни 50 отсто плус еден глас.

Обраќајќи им се на поддржувачите во Истанбул за време на последниот предизборен митинг пред вториот круг, Ердоган апелираше на голем одѕив.

„Ќе одиме ли утре на гласање? Ќе излеземе рано сабајле да гласаме за некого? Секој што гласал во првиот круг нека гласа и во вториот“ рече Ердоган, додека публиката воодушевено извикуваше „да“ – додава Ројтерс.

Киличдароглу, кој е поддржан од шест опозициски партии, рече дека секој што ја сака Турција „мора да гласа“.

„Ако навистина сакате, сите заедно ќе излеземе од оваа темна јама. Ги повикувам луѓето да гласаат, без разлика на ставовите или начинот на живот. Ова е последна шанса. Секој што ја сака земјата треба да излезе на избори“, порача Киличдароглу на Твитер.

Третопласираниот Синан Оган, кој освои 5,2 отсто од гласовите во првиот круг, го поддржа Ердоган.

Избирачките места се отвораат утре во 08:00 часот, а се затвораат во 17:00 часот по локално време.

Право на глас имаат над 60 милиони гласачи, а неофицијални резултати се очекуваат веќе во недела доцна навечер.

Можете да прочитате

Иран го информираше САД дека не бара „ескалација на тензиите“

Што е сеење облаци и дали тоа ја предизвика поплавата во Дубаи

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путинземјотрес