Утрински Весник
Спорт

Алкалоид и вторпат го победи РК Вардар и се чекира во групите од Лига Европа

Алкалоид и вторпат го победи РК Вардар и се чекира во групите од Лига Европа
Ss2

Ракометарите на Алкалоид и вторпат сезонава го совладаа Вардар, овојпат како гости во СЦ „Јане Сандански“ со 21:25 и го освоија второто место во шампионатот на Македонија.
Тимот на Кире Лазаров со тоа обезбеди и директен пласман во Европската лига на ЕХФ, а вардарци ќе мора да играат квалификации за ова натпреварување, дфоколку добијат дозвола за настап во Европа.

dobivaj vesti na viber

Филип Талески се прости со навивачите на РК Вардар, доби врамен дрес и аплаузи за збогум, а РК Вардар сепак не прикажа игра според очекувањата.

Ss1

Двете екипи имаа свои моменти во текот на мечот, кој се решаваше во финишот. Вардарци имаа егал 18:18, но потоа попуштија во одбраната, па Алкалоид создаде три гола позитива. Стојковиќ и Серафимов беа одлични кај гостите, па тимот на Лазаров обезбеди и четири гола позитива (19:23) и до крајот немаше проблеми да го завери триумфот.

Најефикасен играч на натпреварот беше Мартин Серафимов со шест гола. Кај Вардар, Дутра и Георгиевски имаа по четири реализации.

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал