Утрински Весник
Свет

Епл загуби 113 милијарди долари од пазарната вредност по тужбата на американскиот регулатор

814138.jpg
300x250 (7)

Акциите на компанијата Епл паднаа за 4,1 отсто на затворањето на берзата во Соединетите Американски Држави, со што компанијата загуби околу 113 милијарди долари од својата пазарна вредност.

Според Блумберг, компанијата се соочува со проблеми на двете страни на Атлантикот бидејќи американското Министерство за правда во четвртокот поднесе тужба против Епл за наводен монопол на пазарот на паметни телефони, додека компанијата исто така се соочува со истрага од Европската унија за можни прекршувања на Законот за дигитални пазари (ДМА).

300x250 (7)

Долгоочекуваната американска тужба доаѓа по долгогодишни тврдења на критичарите дека Епл и штети на конкуренцијата поради рестриктивните услови на продавницата за апликации, високите такси и строго контролираниот пристап до неговиот хардвер и софтвер.

„Епл ги поткопува апликациите, производите и услугите кои инаку би ги направиле корисниците помалку зависни од нивните iPhone-и“, се вели во соопштението на американското Министерство за правда.

Според тужителите, Епл го користи својот монопол „за да извлече повеќе пари од потрошувачите, програмерите, креаторите на содржини, уметниците, издавачите, малите бизниси и трговците на мало“.

На пример, Епл им овозможува на корисниците на iPhone лесно да испраќаат висококвалитетни фотографии и видеа еден на друг, но мултимедијалните содржини кои пристигнуваат преку телефони со оперативен систем Андроид се побавни и со послаб квалитет.

Ројтерс во четвртокот објави дека антимонополските регулатори на Европската унија имаат намера да ги истражат технолошките компании Епл, Мета и Гугл.

На 4 март, Европската унија веќе го казни американскиот Епл со 1,8 милијарди евра поради кршење на законите за конкуренција и злоупотреба на доминантната позиција на пазарот за продажба на апликации за стриминг музика, објави Си-Ен-Ен.

Ss1

Можете да прочитате

Латвијците повикани своите подруми да ги претворат во засолништа од воздушни напади

Десетици смртни случаи во САД на луѓе на кои им се давале седативи за време на апсења

Протестите во кампусите на универзитети во САД против војната во Газа продолжија, професорите ги поддржуваат студентите