Утрински Весник
Спорт

Ембид и Харден за триумф на Филаделфија против Индијана

Ембид и Харден за триумф на Филаделфија против Индијана

Играчите на Филалделфија, Џоел Ембид и Џејмс Харден, Никола Јокиќ, Донован Мичел, Демијан Лилард и Домантас Сабонис ја обележаа изминататаноќ во НБА лигата.

dobivaj vesti na viber

Филалделфија, во натпревар со многу поени, ја победи Индијана 147:143. Ембид постигна 42 поени, а Харден забележа 14 поени, 20 асистенции и девет скока. Индијана ја предводеше Халибартон со 40 поени и 16 асистенции.

Демијан Лилард немаше одлична шутерска вечер (10/28) во победата на Портланд над Детроит со 110:104, но на крајот забележа трипл-дабл со 31 поен, 13 скока и 12 асистенции.

Кливленд по едно продолжение го совлада ослабениот Бостон со 118:114. Мичел кај Кливленд постигна 40 поени, додека на другата страна Џејлен Браун имаше 32 поени, 13 скока и девет асистенции.

Сакраменто победи против Њу Орлеанс 123:108 со трипл дабл на Сабонис, 19 поени и по 11 скока и асистенции.

Денвер Нагетс со пресврт запишаа победа над Торонто Репторс 118:113. Никола Јокиќ за 36 минути забележа 17 поени, 13 скока и девет асистенции.

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0