Утрински Весник
Македонија

ЕКСТРЕМНО ТОПЛО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ И УТРЕ СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 40 СТЕПЕНИ – Утре попладне можна е изолирана појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град

Gfs 0 12.png

До крајот на денов, како и утре продолжува екстремно топлиот бран од Африка, па така и температурите насекаде во Македонија ќе надминуваат 30 степени, тие во поголем дел од државава ќе се искачуваат и до околу 35 степени, додека во Скопската котлина, во централните како и во југоисточните предели од државава локално ќе се искачат до, па и над 40 степени.

Ув индексот и понатаму ќе има екстремно висока вредност и ќе има коефициент некаде помеѓу 9 и 10, па токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности. Покрај топлотниот бран, во воздухот е присутно и поголемо количество на Сахарска прашина и песок, па токму поради ова и атмосферата е доста заматена, а сонцето го чувствуваме како да е од под облак, а времето е многу мачно и спарно.

Сепак, поради развивање на секундарен висински циклон над Средоземјето, од утре попладне атмосферата во Македонија полека ќе почнува да се дестабилизира, па така утре попладне можна е изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на крупен град.

Можете да прочитате

Јаневска на средба со раководството на СОНК: Повисоки плати и подобри услови за работа се приоритет

Плетнати кровови, паднати дрва, скинати проводници, поплавени куќи по невремето во Скопската котлина

Група од петмина со пиштол, нож и тупаници нападнале тројца малолетници во Скопје – родителите се сомневаат дека инцидентот има етничка позадина