Утрински Весник
Свет

Екстремната десница во Франција со 34% поддршка на изборите

Franci A Gi Povika Svoite Gra Ani Da Go Napushtat Avganistan.jpg

Победник во првиот круг на парламентарните избори во Франција е Националниот Фронт со освоени 34% од гласовите. На второ место се левичарите обединети во Новиот народен фронт со освоени 28,1 % од гласовите. Партијата на претседателот Макрон е на третото место со освоени 20,3% од гласовите на овој прв круг од предвремените парламентарни избори кои уследија по поразот на парламентарното мнозинство на претседателот Макрон на европските избори оддржани на 6 Јуни годинава.

Со 10,2 % поддршка останаа некогаш моќните Републиканци. Кој ќе застане на чело на новата француска влада во овој момент е најасно со оглед на тоа што екстремната десница се уште нема апсолутно мнозинство како ни  обединетата левица која го освои второто место. Кој со кого и како во новата влада  ќе биде појасно на 7 Јули кога ќе се оддржи вториот круг на овие парламентарни избори. Во секој случај какви и да се резултатите по вториот круг претседателот Макрон нема да ја има владата под негова контрола каков што беше случајот до денеска.

Овие избори ги одбележа високата излезност особено помладата популација.

Можете да прочитате

Тело на новороденче пронајдено во канта за ѓубре, уапсени маж и жена во Лондон

Трагедија во Швајцарија: Три лица настрадаа кога се урна скеле на зграда висока 60 метри

Во близина на Москва се урна патнички авион, загинаа три лица