Утрински Весник
Магазин

Експертите советуваат да избегнувате да ги перете алиштата на 40 °C

Befunky 2024 4 0 0 40 43.jpg

Секоја машина за перење нуди програма за перење на 40 °C. Можеби изгледа како идеално решение за перење на одредени материјали, но всушност оваа програма не прави ништо друго освен што троши електрична енергија. Сшоред експертите истата облека можете добро да ја исперете и на пониска температура.

Перењето на 40 °C, велат тие, има многу недостатоци. Меѓу најголемите е фактот дека алиштата може да ви се изгужваат, а и да се уништат боите.

Со ставање на програмата десет степени подоле, односно на 30 °C, може да се забележи интересен ефект. Всушност, ќе се изненадите за тоа колку се моќни денешните машини, особено кога ќе се додаде квалитетен прашок за перење.

Има неколку важни работи што треба да ги имате на ум кога го користите овој метод на перење. Најпрво, ако имате видлива дамка на облеката, добро е прво да ја третирате со специјално средство за подобро да се испере.

Можете да прочитате

КОИ СЕ НАЈЛОШИТЕ ВОЗАЧИ ВО ЕВРОПА? Ново истражување за 2026 открива шокантни навики зад воланот

Ѓумбирот е една од најздравите билки, но може да биде опасен за оваа група луѓе

Хороскопски знаци кои трошат без многу размислување