Утрински Весник
Магазин

Експертите ја откриваат идеалнaта разика во години за успешна врска

Експертите ја откриваат идеалнaта разика во години за успешна врска
Ss2

Луѓето често велат дека љубовта е слепа, но според новото истражување, разликата во годините всушност може да ја одреди должината на врска помеѓу двајца.

dobivaj vesti na viber

Концептот за романса или брак со некој значително помлад или постар сè уште предизвикува контроверзи, а има многу примери на славни парови кои сведочат за тоа.

300x250 (7)

Помладите девојки на Леонардо ди Каприо – познат по тоа што не излегува со постари од 25 години, или Роберт Де Ниро кој неодамна доби дете на 80 години со својата девојка Тифани Чен (45) – се актуелни теми во светските шоу-биз медиуми и на социјалните мрежи.

Тука е и францускиот претседател Емануел Макрон кој има 45 години, а кога беше избран на функцијата во 2017 година, најмногу се зборуваше за неговиот брак со Брижит Троњо, која денес има 70 години и е 25 години постара од својот сопруг.

Научниците сугерираат: aко сакате вашата љубов да трае, идеалната разлика во возраста е една годинa.

Иако секогаш има исклучоци, студијата спроведена од Универзитетот Емори во Атланта тврди дека одредени разлики во годините можат да бидат проблем во врската, односно колку е поголема разликата во годините меѓу партнерите, толку се поголеми шансите да прекинат.

Истражувањето, во кое беа опфатени 3.000 испитаници, покажа дека паровите со петгодишна разлика во возраста имаат 18 отсто поголеми шанси да раскинат од оние кои со партнери на иста возраст. Интересно е тоа што таа бројка скокна на 39 отсто за парови со разлика од 10 години во возраста.

За оние со 20 години разлика во возраста, истражувањето предвидува дека постои 95 проценти веројатност да се разделат.

Која би била идеалната разлика во годините? Научниците сметаат дека најмали шанси да раскинат, односно само три проценти, имаат парови со разлика од една година.

Ss1

Можете да прочитате

Уапсени група крадци на ретки книги

7 милиони прегледи: Мајкрософт објави снимка со вештачка интелигенција на Мона Лиза како рапува

Ловоровото масло е природен лек против мигрена