Утрински Весник
Скопје

Екипите на Општина Чаир непрекинато на терен по невремето

Fa194757 b942 420f 9c60 450288eefb83.jpeg

Од синоќа, во текот на целата ноќ, како и денес, екипите на Општина Чаир продолжуваат со работа на терен за санирање на последиците од невремето и што побрзо нормализирање на состојбата во погодените подрачја.

Сезонските работници, две екипи за сечење и кастрење дрвја, компанијата ангажирана од Општината, како и четири камиони, континуирано се ангажирани на расчистување на секундарните улици и јавните површини, како и на отстранување на гранките, паднатите дрвја и другиот отпад.


Активностите се реализираат во координација со ЈП „Паркови и зеленило” и ЈП „Комунална хигиена”. Екипите ќе продолжат со работа до завршување на сите неопходни интервенции и целосно нормализирање на состојбата.

Можете да прочитате

Во Скопје вечер 13. дезинсекција против комарци сезонава

ДУИ: Дивоградбата на државно земјиште повторно се гради, Град Скопје и Општина Чаир молчат

Собрани 675 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад