Утрински Весник
Свет

Екипажот на товарен брод во грчка сопственост е полесно повреден од напад на Хути во Црвеното Море

Unnamed File.jpg

Екипажот на товарен брод кој пловел под знаме на Либерија и е во сопственост на Грција е полесно повреден во напад со дрон на јеменските бунтовници Хути во Црвеното Море, соопшти Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ).

Во соопштението се наведува дека нападот се случил во неделата и дека е оштетен товарниот брод M/V Trans world navigator, кој продолжил да плови.

Бродот неодамна се закотви во Малезија и беше на пат за Египет.

Можете да прочитате

За секој напад на Иран во Хормуз САД ќе уништат по еден мост во Иран, се закани Трамп

Ортега: Нема веќе избори во Никарагва

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години