Утрински Весник
Свет

ЕК: ЕУ останува цврсто посветена на итно искоренување на насилството врз жените

Nasilstvo.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сите форми на насилство врз жените се одвратни и тие претставуваат кршење на човековите права и поткопување на основни вредности на Европската Унија се наведува во заедничката изјава на Европската комисија и на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жосеп Борел по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените – 25 ноември. 

– Нашата посветеност да ставиме крај на насилството врз жените ширум светот е клучен приоритет за надворешната акција на ЕУ, не само во улогата на ЕУ како главен хуманитарен донатор. Ја потврдуваме нашата цврста посветеност на итно искоренување на насилството врз жените и девојчињата во соработка со земјите партнери, граѓанското општество, групите за правата на жените и бранителите на човековите права, се вели во изјавата. 

ЕК и Борел натаму посочуваат дека жените низ целиот свет продолжуваат да трпат неискажливо физичко, сексуално, психичко и економско насилство, како офлајн, така и онлајн.  

– Жените и девојчињата, исто така, го носат товарот и од непосредните насилни, но и од трајните ефекти на војната и конфликтот, што резултира со несразмерност во економски проблеми. Ситуацијата е особено драматична во контекст на хуманитарните кризи, каде случаите на сексуално насилство поврзани со конфликти и трговија со луѓе, честопати остануваат непријавени, се потенцира во изјавата на ЕК и Борел. 

Тие посочуваат дека по пристапувањето кон Истанбулската конвенција, која ги опфаќа досега најамбициозните и најсеопфатни стандарди за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, Европската Унија годинава го усвои првиот свој закон за ефикасна борба против насилството врз жените и семејното насилство, како надополнување на постојното законодавство во земјите членки на ЕУ.  

– Сега имаме дополнителни алатки за борба против таквото насилство, и офлајн и онлајн, за да се осигураме дека жените и девојките можат да бидат безбедни и да живеат без страв, да обезбедиме конкретни услуги за поддршка за жртвите, како и одговорност за сторителите. Ги повикуваме сите земји членки брзо да ги применат овие значајни мерки, се додава во изјавата на Еврокомисијата и високиот претставник на ЕУ, Борел по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените – 25 ноември. 

Можете да прочитате

Израелските сили убија двајца Палестинци на Западниот Брег

Полицијата на Корзика уби маж кој се заканувал со нож

Брз патнички воз уби седум слонови на пруга во Индија