Утрински Весник
Спорт

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска го освои бронзениот медал

20260201170952 big 730x400 59.webp.webp

Ракометарите на Хрватска го освоија бронзениот медал откако попладнево во „малото финале“ го совладаа Исланд со 34:33. Ова за Хрватска е четврти бронзен медал на европските првенства.

Хрватска водеше во најголемиот дел од натпреварот, а на средина од првиот дел имаа и позитива од +6 (12:6). Во финишот на дуелот Хрватска имаше и пет голови позитива + 5 (31:26), но Исланд не се предаде особено што голманот Халгримсон одбрани два седмерци во последните пет минути. Исланд намали на еден разлика 33:32, но во последниот напад Хрватска преку Филип Главаш стигна до предност доволна за бронзен медал.

Најдобар на натпреварот беше Тин Лучин со 9 голови и 9 асистенции.

Во 18 часот е почетокот на финалето меѓу Данска и Германија.

Можете да прочитате

„Јане Сандански“ грмеше, Вардар беше на чекор до бод – Нант славеше со еден гол

Сезоната 2027 во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 14 март

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години