Утрински Весник
Магазин

Џеф Безос се сврши со Лорен Санчез

Џеф Безос се сврши со Лорен Санчез

Основачот на „Амазон“ Џеф Безос ја запроси новинарката Лорен Санчез, објави магазинот „Пипл“ цитирајќи извор близок до парот.

dobivaj vesti na viber

Веста за свршувачката стигна додека заљубениот пар е на одмор на југот на Франција. Минатиот викенд, тие приредија забава за блиски пријатели на јахтата на милијардерот вредна 500 милиони долари и беа на премиерата на „Убијци на цветната месечина“ на филмскиот фестивал во Кан.

Додека го поминуваа времето на неговата јахта, папараците ја фотографираа Лорен со голем дијамант на раката.

59-годишниот милијардер и телевизиската новинарка (53) се неразделни откако почнаа да се забавуваат во 2018 година.

„Секој ден ме инспирира и ме прави подобра личност. Тој е најпрекрасниот човек што го познавам“, изјави неодамна Лорен за Џеф во интервју за магазинот „Волстрит журнал“.

Двојката ја потврди врската во јануари 2019 година, откако Безос соопшти дека се разведува од Мекензи Скот, со која има четири деца, по 25 години брак. Во тоа време, и Лорен се разведуваше од сопругот Патрик Вајтсел по 13години брак. Со него има две деца, а има и син од врската со поранешната НФЛ ѕвезда Тони Гонзалес.

По пропаднатите бракови, Џеф и Лорен се сретнаа и се подготвени да докажат дека љубовта секогаш победува, коментираат медиумите. Двојката, која е во врска речиси пет години, наводно е подготвена да го направи следниот чекор, според извор близок до парот.

Можете да прочитате

HELLENiQ ENERGY инвестира над една милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

Поради шега што ја направил на девет години, добил доживотна забрана за летање – Години подоцна стана гласот на аеродромот

Американец ја тужи „Опен-АИ“: Чет-ГПТ и помагал на сопругата да испланира како да го убие