Утрински Весник
Свет

Едно лице загина, десет повредени, околу 200 блокирани поради несреќа на жичарница во Турција

23432.jpeg
300x250 (7)

Едно лице загина, а десет се повредени во градот Тунектепе во близина на јужниот турски град Анталија кога кабината на жичарницата удрила во столб и се отворила, а неколку патници испаднале, соопштија денеска локалните власти.

Градоначалникот на Анталија, Мухитин Бочер рече дека 184 други патници останале заробени во 25-те кабини на жичарницата на висина од неколку десетици метри додека инженерите се обидувале да го рестартираат системот.

Ss1

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја истакна дека во спасувачката операција учествувале повеќе од 160 припадници на Службата за брза интервенција.

Несреќата настанала кога една од кабините во системот на жичарницата на релација Сарису-Тунектепе паднала во карпеста област по уривање на столб, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја

Ss1

Можете да прочитате

Блинкен му повторил на Нетанјаху дека САД се уште се против воена операција во Рафах

Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава

Американскиот Сенат едногласно усвои закон со кој се забранува увоз на руски ураниум