Утрински Весник
Македонија

Богоев: Ја одбележуваме 32-годишнината од основањето на Царинската управа – по 32 засадени дрвца на граничните премини и внатрешните царински испостави

Gp Blace.jpg
Img 5587

Во пресрет на Денот на Царината – 14 април, по повод 32 годишнината на Царинската управа, царинските службеници засадија околу 320 млади дрвца на гранични премини, покрај испоставите во внатрешноста и во дворот на Управата.

„Со оваа акција придонесуваме за заштита на животната средина и позитивни промени за идните генерации. Заштитата на општеството е најголем императив во нашата работа и оттука секојдневно се залагаме да овозможиме подобри услови за нашите граѓани”, рече директорот на Царинската управа Стефан Богоев.

300x250 (7)

Акцијата за засадување на дрва беше организирана во текот на изминатата работна недела на територија на целата држава и притоа беа опфатени над десет локации во околината на граничните премини и царинските испостави во државата, како и во седиштето на Царинската управа, на кои симболично беа засадени по 32 садници. Во акцијата беа вклучени царинските службеници од сите царинарници и од Управата, а при засадувањето на дрвцата на граничните премини се вклучија и колегите од соседните земји.

Ss1

Можете да прочитате

Исчезнато петгодишно дете во парк Сарај

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Утре на повеќе места врнежи и грмежи – Локално се очекуваат и поинтензивни aтмосферски процеси, во форма на невреме

Пендаровски: Да заокружиме број 1 и заеднички да продолжиме да работиме на напредок на нашата држава во евроинтеграциите